Герет Бејл е под притисок што поскоро да го напушти Реал Мадрид откако Зидан најави дка најдобро е велшанецот уште денес да не е дел од неговата екипа.

Првите понуди за Бејл стигнале од Кина но играчот сакал да остане во Европа и поради ова се компликува желбата на Зидан. Бејл има можност да се врати во Англија но ќе мора да прифати многу помала плата од таа што ја зима во моментов во Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, Бејл до крајот на оваа недела ќе направи трансфер но засега нема клуб кој се издвојува како фаворит за неговите услуги.