Март е месецот во кој македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат три средби во Мундијалските квалификации, две на гости и една дома.

Според предвидениот план, на 25 март во Плоешти треба да и гостуваме на Романија, три дена подоцна се среќаваме со Лихтенштајн во Скопје, потоа следува гостување кај Германија, првично е предвидено да се игра во Дуисбург, но се чини дека оваа средба ќе се игра во Букурешт на 31 март.

Германија има строг протокол, задолжителен карантин, тоа значи дека е невозможно да играме во Дуисбург, резервна варијанта е Романија и најверојатно Букурешт.

Ова значи дека Македонија двете гостувања во март ќе ги игра во Романија, секако за ова УЕФА треба да даде потврда во следните неколку дена.