Младата фудбалската селекција на Германија до 21 година со победа ги започна настапите на Европското првенство во Италија за фудбалери во оваа категорија, откако во првиот меч на шампионатот славеше над репрезентацијата на Данска со 3-1.

Рихтер ја смести топката во противничката мрежа и Германија стигна до водство од 1-0, резултат со кој се замина на одмор.

Рихтер беше повторно стрелец за Германија за предност од 2-0, а пак Валдшмит гсо својот деби-гол стави печат на победата на Германија и освојување на првите три бода на шампионатот.

До крајот на мечот Данска успеа само да го ублажи поразот, откако Роберт Сков ги постави конечните 3-1.