Ајнтрахт Франкфурт, од Милан бара  40 милиони евра со цел да го откупи договорот Анте Ребиќ, кој сезонава игра како позајмен фудбалер.

Напаѓачот  пристигна на двегодишна позајмица во замена за Андре Силва, кој замина во германскиот тим. Хрватот во последните два месеци е во животна голгетерска форма и на последните седум меча постигна шест погодоци.

Доколку овој трансфер се оствари, Германците се апсолутни победници ако се знае дека од Фиорентина, Ребиќ го купија само за 2 милиони евра.