Управата на ГФК Осогово од денеска ја започна кампањата „Направи разлика! Биди и ти дел од fundraising кампањата на КФК Осогово.“

Од фудблскиот клуб од Кочани информираа дека целата да се следат светските трендови и со помош на навивачите да дојдат до средства за развој на повеќе категории:

Средствата од оваа кампања ќе бидат наменети за:

– Развој на младинските категории, организирање на професионални семинари и техничка опрема за младите.

-Тренинг реквизити

– Формирање на Фан Шоп

Подобрување на инфраструктурата на стадионот и подтрибинскиот простор.

„Доколку сакате да бидете дел од оваа кампања и да му помогнете на нашиот клуб кликнете овде.Со цел да ја прошириме нашата кампања и да добиеме масовност ве молиме за споделување на вашите профили на социјалните мрежи. ГФК Осогово ви се заблагодарува на вашата несебичност и љубов кон нашиот клуб.“ – велат од второлигашот од Кочани.