Според англиските медиуми Манчестер Јунајтед е многу блиску до добивање на трката за португалскиот репрезентативец од редовите на Вулверхемптон.

Како што пишува „talkSPORT“ тимот на Оле Гунар Солскјер е многу блиску до доведување на Рубен Невеш.

Тимот од Манчестер наводно во трката бил побрз од Арсенал и Тотенхем на Нуно Еспирито Санто, кој е поранешен тренер на Невеш во Вулверхемптон. Невеш бил една од најголемите негови желби, но се пореално е дека тој ќе замине во Јунајтед, кои би требало за него да платат 40 милиони евра.