Пред да го убеди Немања Матиќ од Манчестер Јунајтед да се пресели во Рим, Жозе Мурињо ќе се обиде да доведе уште еден играч од Англија. Во прашање е Французин, кој оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Њукасл.

Алан Сент Максимин веќе еднаш одби да се пресели во Рома, но тоа беше пред две години, кога на маса имаше и други опции. Сега би можел да стане дел од амбициозен проект и во соработка со Мурињо да тргне во правење големи резултати на Волчицата.

Крилниот 24 годишен фудбалер оваа сезона има три гола и пет асистенции во Премиер лигата, а трансфер во Рома која планира наредната година да игра сериозна улога во Италија и Европа, би бил сериозен чекор напред. Тој би требало да биде само едно од бројните засилувања.

Веќе споменавме дека и Немања Матиќ, искусниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед кој таму добива се помалку прилика за играње, би можел да стане големо засилување за Рома. Познато е дека Мурињо го цени, па тие двајца би можеле да си помогнат еден на друг во Калчто.

Еден од кандидатите за засилување на Рома е и Давид Де Хеа, кој веќе не е сигурен дека прв меѓу стативите на Олд Трафорд.