Агентот на фудбалерот на Рома, Џордан Верету, потврди дека Наполи  во јануари испратил понуда до „римската волчица“ за неговите услуги. Верету исто така е желба на Евертон кој веќе на лето ќе се обиде да го доведе на „Гудисон Парк“.

„Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ме контактираше во јануари за  Верету , но немаше доволно време подетално да се разговара. Џордан секогаш беше ценет од Анчелоти, па и Евертон е во игра за него“-изјави агентот Марио Гуфриди.

Поранешниот играч на Фиорентина дојде во Рома  во јули 2019 година, на заем од 1 милион евра со обврска да го купи за дополнителни 16 милиони евра.