Селекторот на Велс, Рајан Гигс завршил во притвор откако бил  уапсен под обвинение за напад врз неговата девојка, пренесува островски „Сан“

Британската полиција во неделата доцна вечер го привела Гигс по повикот од неговата девојка Кејт Гревил за насилство.

„Четириесет и шестгодишниот Велшанец бил испрашуван под сомнение за напад и телесни повреди нанесени на неговата девојка. Потоа беше ослободен со кауција во очекување на завршувањето на истрагата. Гигс ја напушти станицата во понеделникот попладне.“ објави „Сан“.

Во следните неколку дена се очекуваат резултатите од истрагата.

„Триесетгодишна жена претрпе полесни повреди, но не и беше потребна медицинска помош. Уапсен е 46-годишен маж под сомнение за напад според член 47 и напад според член 39 .“ – соопшти потпаролот на полицијата

Гигс ги отфла обвинувањата, но целосно соработувал со истражните органи, пренесуваат светските медиуми. Фудбалската федерација на Велс ја откажа прес-конференцијата закажана за денеска на која Гигс требаше да информира за составот на селекцијата за претстојните натпревари.