Селекторот на Велс, Рајан Гигс го издвои името кое најмногу му помогна во тренерската кариера. За Велшанецот тоа е Луј Ван Гал на кој Гигс му беше помошник додека беше менаџер во Манчестер Јунајтед.

„Соработував со голем број на тренери како фудбалер, но од Ван Гал најмногу научив. Тоа беше права тренерска улога со многу одговорности. Кога сте фудбалер вие гледате седум, осум минути видео снимки од противникот, додека како тренер тоа се часови и часови работа“- изјави Гигс.

Легендата на Јунајтед се осврна и на Серк Алекс Фергусон со кого имаа одличен однос во годините минати во англискиот гигант.

Различен е Ван Гал од Фергусон од кого исто така научув некои работи. Кај Ван Гал од прва рака може да ги видам различните системи, зошто некоаш се игра вака, а некогаш сосема различно.“-дополни Рајан.