Поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо, Рајан Гигс од деновите во Манчестер Јунајтед, беше запрашан за негов фаворит во ривалството меѓу Португалецот и Лионел Меси.

Изненадувачки, според него Аргентинецот нема конкуренција во светот на фудбалот.

„Изборот помеѓу нив двајца е многу тежок. Јас би сакал да кажам Кристијано, бидејќи очигледно играв со него и ја видов неговата еволуција како фудбалер, но Меси е генијалец. Тоа е играч што го гледате само еднаш во животот, тоа е исто толку едноставно. Многу е тешко да се избере и би сакал да кажам Кристијано, но нема споредба“ – изјави  селекторот на Велс.

Роналдо и Меси рушат разни рекорди веќе една деценија и се сметаат за најдобрите играчи во историјата, а за тоа кој е подобар веројатно ќе се знае по крајот на нивните кариери. Досега и двајцата имаат постигнато над 600 гола и освоено по пет „Златни топки“.