Легендарниот фудбалер од Велс, Рајан Гигс целата своја кариера играше за Манчестер Јунајтед, говореше за периодот кога во клубот работеше  големиот авотритет Сер Алекс Фергусон.

Гигс откри дека Фергусон само на  четворица играчи никогаш не го повишил тонот. Фергусон беше предводник на Јунатед во периодот  од 1986 до 2013 година.

„Фергсон имаше навика да го покаже својот авторитет, Бекам најдобро знае за тоа, но имаше четворица играчи на кои никогаш не им викаше, не беше важно дали одиграле добро или лошо, Кантона, Брајан Робсон, Рој Кин и Кристијано Роналдо му беа омилени играчи“ – изјави Гигс.

Велшанецот за разлика од овие четворица го осетил авторитетот на Сер Алкес Фергусон.

„Шест или седум пати бев во непријатна ситуација, бев казнуван, во тие моменти не ми беше лесно, но после неколку години Фергусон ми кажа дека сакал да му се спротиставуваат“ – изјави Гигс.

Гигс и Фергусон соработуваа во Јунајтед во периодот од 1990 до 2013 година.