Ќатип Османи од денеска е нов тренер на македнскиот прволигаш Ренова,соопшти попладнево клубот од Џепчиште.

Османи, кој своите најголеми тренерски успеси ги имаше на кормилото на Шкендија, пред три години седеше на клупата на Ренова, а беше тренер и на Шкупи.

Негова десна рака во Ренова ќе биде Башким Ливорека.

Османи доаѓа на местото на Бујар Илсами, кој по 17 месеци на клупата на Ренова, претходно неделава поднесе оставка.

Тетовскиот прволигаш по 12 кола во ПМФЛ е на претпоследното место со осум освоени бодови, а Османи својот камбек ќе го има в недела против Борец на домашен терен.