Оле Гунар Солскјер е пред отказ, Манчестер Јунајтед игра очајно во последно време и по онаа победа над Челси од 4:0 во воведното коло во Премиер лигата, формата драматично паѓа.

Од клубот од „Олд Трафорд“ денеска излегоа со соопштение во обид да ја смират атмосферата меѓу навивачите кои бараат итни промени.

„Не е точно дека купуваме фудбалери кои имаат големо влијание по комерцијалните цели на клубот. Инвестираме и ќе инвестираме во играчи со цел овој процес повторно да го врати клубот на посакуваното ниво. Има многу талентирани играчи од нашата академија кои не смееме да ги занемариме. Секако дека ќе продолжиме да инвестираме и покрај тоа што признаваме дека критиките дека не сме учествувале доволно активно на трансфер пазарот ова лето се донекаде точни но ние остануваме на нашиот план. “ – се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед ова лето ги купи Мегвајер, Бисака и Џејмс а се ослободи од Лукаку, Санчез, Херера, Смолинг и од Антонио Валенсија.

Потроши 159 милиони евра на нови играчи а заработи 69,5 милиони евра од кои 65 милиони евра се од трансферот на Лукаку во Интер.