Шкендија брка негатива од 2:0 против Рига во реваншот од 2 квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Предводникот на првакот на Македонија, Ѓока побара напаѓачите да почнат да си ја вршат својата работа.

„Нашата желба е пласман во следното коло. Ако сме реални, не играме лошо но никако да ни проработи нападот. Ако успееме да ја подобриме реализацијата ќе можеме да славиме против Рига.“ – изјави тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.

Тој потврди дека нема повредени играчи и дека сите кои ќе добијат шанса мора да се потрудат максимално на теренот.