Новак Ѓоковиќ денеска испиша историја во светкиот тенис.  Нaјновото ранигање на АТП го потврди ракордот на Новак Ѓоковиќ кој влезе во историјата на тенисот како едиствениот кој 311 недела е светски број еден.

Ѓоковиќ го надмина остварувањето на Федерер и ја потврди својата доминација во последната деценија во „белиот спорт“.

По ова првиот светски рекет на социјалните мрежи напиша: Денеска е голем ден.

Воедно денеска на платото на тенискиот центар Новак во Белград, беше поставен голем мозаик од тениски топчиња со ликот на Ѓоковиќ. Мозаикот е висок 3.8 метри и е широк 2.7 метри и за негова изработка беа искористени 2.177 тениски топчиња, дело на  Андреј Јосифовски.