Поранешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација Александар Ѓорѓевиќ во интервју за италијански медиум открива за односот кој го има со тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.

Ѓорѓевиќ истакнува дека Италија е фасцинирана од борбата на Михајловиќ со леукемијата.

„Пријатели сме повеќе од 30 години, чувствувам дека учиме еден од друг, се споредуваме иако секој има свој сектор на работа. Оваа година направи многу, неверојатна е силата на неговото семејство. Му посакувам да продолжи вака, неговата храброст и сила одамна се познати, цел свет го знае. Му посакувам и на професионален план да продолжи така, направи одлична работа со Болоња.“ – истакнува Ѓорѓевиќ за радио „Раи“.