Селекторот на Турција, Шенол Ѓунеш признава дека неговата селекција не ја покажа очекуваната игра на првиот натпревар на Европското првенство.

Турците синојќа убедливо загубија од Италија со 3-0 но селекторот Ѓунеш не губи надеж за пласман во следната рунда.

„Сакавме многу повеќе од ова, но не успеавме. Не игравме на вистински начин. Требаше да бидеме поагресивни. Противникот беше за почит. Игравме против еден од домаќините на шампионатот и беше тешко. Италија одамна нема загубено. Сега мора да продолжиме понатаму. Да, секој бод ќе ни значеше многу, но дури и да победевме, ништо немаше да се реши. Ова е турнир и ни преостануваат уште две средби“, рече Ѓунеш.

Втор ривал на Турција на овој собир ќе биде селекцијата на Велс, која денес ја чека натпревар со Швајцарија.