Поранешниот селектор на Македонија, Бошко Ѓуровски доби отказ од позицијата тренер во Графичар, но и покрај ова ќе остане во управата на клубот.

Според последните информации, Ѓоровски добил прекин на соработката како тренер поради низата лоши резултати а тимот сега ќе го предвводи Марко Неџиќ кој работеше во младинските категории на Црвена Звезда.

Од Графичар потврдија дека Ѓуровски останува во клубот, но како потпретседател а ќе биде задолжен и за фубкционирањето на младинските категории.