Легендарниот фудбалер Милко Ѓуровски за српски „Неделник“ изјави дека не стана звезда на Црвена Звезда затоа што е Македонец. Тој говореше за трансферот од Звезда во вечниот ривал Партизан, а причина за тоа била одлуката на управата да не му дадат стан на тогаш својот најдобар шпиц.

„Мислам дека сакаа да ме пуштат во Партизан. Зошто немаше пета Звездина звезда после Пижон? Можеби покрај мене не можеа да ја доведат. Звезда е српски клуб. Не може Македонец да биде пета Звездина звезда“-изјави Ѓуровски.

За потсетување Ѓуровски е еден од ретките фудбалери кои се преселиле од Звезда во Партизан и обратно, а неговиот постар брат Бошко пред неколку сезони привремено ги водеше „црвено-белите“.