Од 200 до 600 денари (400-1.200 српски динари) ќе чинат картите за натпреварот меѓу Србија и Португалија во квалификациите за Европското првенство 2020, информираше Фудбалскиот сојуз на Србија.

Он-лајн билетите се веќе пуштени во продажба на следниот ЛИНК.

Србите очекуваат голем интерес за овој натпревар, додавајќи дека Кристијано Роналдо секако ќе биде една од причините за исполнување на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград каде ќе се игра натпреварот.

Пресметката меѓу двете репрезентации од Групата Б е закажана за 7 септември во 20:45 часот.