Германскиот репрезентативец Серж Гнабри излезе од карантин, им се приклучи на соиграчите и ќе биде во комбинација за почетниот состав на утрешното гостување на Баерн Минхен против Локомотив Москва во Лигата на шампиони.

Тој е опција за почетните единаесетимина, Серж секогаш е таква опција“, изјави тренерот на „баварците“ Ханс Флик пред заминувањето за Москва.

Гнабри минатиот вторник беше тестиран позитивен ена корнавирус поради што ги пропушти натпрварите против Атлетико Мадрид и Ајнтрахт Франфкурт.

Во меѓувреме, Гнабри беше негативен на сите повторени теститирања, поради што, здравствениот тим на Баерн изрази сомнеж дека германскиот репрезентативец бил „лажно позитивен“.