Офанзивниот плејмејкер, Набил Фекир до крајот на оваа недела ќе го комплетира трансферот во Бетис.

Шпанските медиумите пренесуваат дека преговорите завршиле и на ред се медицински прегледи по што Фекир ќе стави потпис на четиригодишен договор со Бетис. Не е познато колку ќе изнесува трансфер ошетата.

Лион дополнително ќе заработи при следен трансфер на Фекир надвор од Бетис. За репрезентативецот на Франција покрај од Арсенал и Ливерпул интерес постоеше и од Валенсија, Севиља и Наполи.