Светскиот шампион од 2002 и освојувач на „Златната топка“ во 2005 години, Роналдињо, на својата богата колекција на награди може да додаде – печено прасе.

Како што пишува Diario Sport, Бразилецот ќе учествува во затворски фудбалски турнир во Парагвај, чија главна награда е прасе од 16 килограми.

Как што е познато, славниот фудбалер и неговиот брат, Роберту де Асис, се во затворот во Асунсион, поради влез во Парагвај со лажни пасоши.