Еден од најдобрите играчи на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс е на списокот желби на Јирген Клоп за ново засилување во Ливерпул. Договорот на Феликс со Алтетико Мадрид е до летото 2026 година, а Ливерпул сака да го земе на лето.

Феликс се проценува на 70 милиони евра. Оваа сезона, 21-годишниот Португалец одигра 5 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања и не постигна гол.

Да потсетиме, Феликс се пресели во Атлетико Мадрид од Бенфика во 2019 година. Сумата на трансферот изнесуваше 127 милиони евра.

Клоп го гледа Феликс како иден предводник на нападот на „црвените“. Младиот фудбалер се приклучи на тимот во 2019 година, тој одигра 65 натпревари за мадридскиот клуб, на кои постигна 13 гола и запиша 7 асистенции.