Новак Ѓоковиќ утре од 15 часот го игра финалето на Вимблдон против Италијанецот Матео Беретини. За Италија тоа е голем спортси ден. После тенисот, на распоредот сега е фудбалот затоа што 21 часот на Вембли Италија игра против Англија.

„Фудбал и тенис. Мама миа Италија, фанстастично“- изјави Ѓоковиќ за италијански Скај.

Очигледно избра за кого ќе навива на овој фудбалски спектакл.

„Беретини нема многу што да изгуби против мене, но затоа Италија може многу да изгуби против Англија. Се надевам дека тоа ќе бидат два одлични натпревари и дека Италија ќе победи во тој вечерниот.“

Како што е познато Ѓоковиќ е фан на Милан, а за време на најсилниот бран на пандемијата од ковид 19, финансиски ја помагаше болницата во Бергамо.