Наполи и нашиот најдобар фудбалски репрезентативец Елиф Елмас имаат старт од соништа на сезоната во Серија А, каде тимот на Лучијано Спалети стартуваше со осум победи по осум кола.

Вчера славеа со миниални 1:0, со голот на Осимен на кој асистент беше нашиот Елмас.

Со овој гол Наполи го изедначи и сопственикот рекорд од сезоната 2017/2018. И таа сезона Наполи започна со осум победи во низа.

И покрај супер стартот таа сезона Наполи остана без Скудетото кое го освои Јувентус, ќе видиме како ќе биде оваа сезона.