По се изгледа по крајот на сезоната Корентин Толисо ќе го напушти Баерн Минхен, после пет откако пристигна во клубот.

Баерн за него плати 40 милиони евра во 2017-та година на француски Лион, но поради повреди одигра само 101 натпревар. Сезонава собра вкупно само 149 минути.

Баварците се обидуваа да го продадат и во текот на летово, меѓутоа немаше клуб подготвен да плати отштета, бидејќи следното лето може да го доведат без пари.

Италијанскиот „Калчомеркато“ објави дека интерес Толисо да го доведат бесплатно на лето покажале Јувентус, Тотенхем, Интер, ПСЖ и Атлетико.