Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти ова лето , дефинитивно ќе ја смени средината , откако на адреса на Торино пристигнаа неколку одлични, понуди за одличниот голгетер.

Белоти скоро секој преоден рок е мета на најголемите европски клубови. Добиваше понуди, но сите беа одбивани.

Летово се поврзауваше со Милан, а сега „Скај Италија“ објави дека Белоти може да направи трансфер во руски Зенит кој во него гледа идеална замена за Азмун  кој најверојатно ќе се пресели во Баер Леверкузен.

Имено Зенит бара замена за Азмун кој веќе ги договирил личните услови со Леверкузен , па токму Белоти би можел да биде идеална замена.

Според информациите Зенит е спремен да плати 30 милиони евра и да му даде договор на Белоти од четири милиони евра по сезона, што најверојатно е пресудно за трансферот , односно одличната финансиска понуда од Русија, Белоти ја става пред понудите од гигантите.