Дејан Дамјановиќ е роден во Мостар, БиХ, репрезентативец е на Црна Гора а живее во Србија.

Напаѓачот на тимот од Јужна Кореа, Сувон Блувингс, има постојана адреса на живеење во Србија, по потекло е од БиХ, го избра дресот на Црна Гора за настап во репрезентацијата иако имаше понуди и од Хрватска.

„Пријателите ме нарекуваат босански лонец, навистина има многу вакви стуации на Балканот, роден сум во Мостар, играм за Црна Гора, живеам во Србија кога не настапувам за клубот, имав избор, ја одбрав Црна Гора, уживав во настапите за оваа земја, можев да прифатам и повик за Хрватска, Србија и БиХ“ – на шега раскажува Дамјановиќ.

Дамјановиќ во дресот на репрезентацијата на Црна Гора запиша 30 настапи, од 2007 година игра во Јужна Кореа каде смени шест клуба, пред крај е на кариерата со оглед на фактот дека има 38 години.