Беше вистинска сензација кога дефанзивецот на Севилја, Даниел Карисо, во екот на епидемијата потпиша за Вухан Џоер, клуб од градот на вирусот Вухан. Тогаш сите сметаа дека потегот му е луд, па многумина и го прежалија.

Но работите се сменија во корен и сега Карисо е во безбедност, за разлика од сите што останаа да играат во Шпанија.

Овде во Кина е целосно безбедно, а проблемот со Коронавирусот веќе не постои. Од што да се плашам? Сега сме на безбедно во Вухан и живееме нормален живот. Овде во Кина моментално е многу побезбедно отколку во останатиот дел на светот. На почетокот, кога го потпишав договорот, не знаев многу за вирусот, а потоа клубот ме увери дека ќе дојдеме во Вухан, кога ситуацијата ќе биде сосема под контрола. Во секој случај, во светот е сега многу поопасно од колку во Вухан“, изјави Карисо.

Коронавирусот меѓу другото го парализира фудбалот во Шпанија.