Диего Годин летово ќе биде еден од оние фудбалери кои Интер ќе ги стави на трансфер листата, а негова вредност е проценета на 20.милиони евра.

Уругваецот пристигна како слободен фудбалер минатото лето, но не успеа да се наметне кај Антонио Конте во првиот тим. Проблем за „нероаѕурите“ е високата плата на ветеранот која изнесува пет милиони евра годишно, плус бонуси, а неговиот договор истекува во 2022 година.

Интер веќе најде замена за Годин во фудбалерот на Верона, Мараш Кумбула со кого тимот е во преговори.