Италијанскиот фудбалски клуб Интер го шокира информацијата за повредата на најголемото засилување во одбраната некогашниот капитен на Атлетико Мадрид Уругваецот Диего Горин.

Годин оваа лето во Интер дојде како слободен играч од Атлетико Мадрид и треба да биде човекот што ќе ѝ донесе цврстина на одбраната, но тој се повреди на подготовките по што го очекува пауза од три недели. Според најавите Годин ќе го пропушти воведниот меч во Серија А и дуелот со Лече на 26 август.

„Извршени се сите клинички и инструментални прегледи врз Диего Годин. Диего има дистракција на реткумот на левиот бут и го очекува пауза од најмалку три недели. Ќе го следиме процесот од недела во недела, па ќе видиме“, изјави новиот тренер Антонио Конте.