Еден од главните фаворити за трофејот Европското првество, Белгија останува значително ослабена во продолжението од шампионатот, затоа што поради повреда на окото Тимоти Кастањ ќе мора да го заврши турнирот.

Продорниот офанзивен бек се повреди при дуел со рускиот репрезентативец Далер Кузајев. Поради тоа уште во првото полувреме мораше да го напушти теренот, а работата е толку посериозна што ќе мора на операција поради повреда на очната школка. Секако, поради тоа ќе го пропушти остатокот од континенталниот собир.

„Многу лоши вести. Тажен сум што Кастањ ќе отсуствува во остатокот од турнирот. Има двократрна повреда и сега мора на адекватно лечење“- изјави слекторот на Белгија, Роберто Мартинез.