Играчот од средниот ред на ПСЖ Марко Верати ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда  на десното колено, соопшти денеска неговиот клуб.

Италијанецот поради повреда ќе паузира од четири до шест недели и најверојатно нема да може да настапува на Европското првенство, кое се игра од 11 јуни до 11 јули.

Верати се повреди во тек на тренинг минатата недела и не играше на мечот против Рен, во францускиот шампионат, кој заврши со резултат 1:1.

Две кола пред крајот на првенството, ПСЖ заостанува три бода зад првопласираниот Лил.