На тешкото гостување кај Ливерпул италијанскиот великан Милан ќе мора без Златан Ибрахимовиќ.

Тимот од Милано гостува на Енфилд, а според последните информации ќе го пропушти овој натпревари.

Италијанските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ има проблеми со ахиловата тетива и ќе мора да паузира.

Инаку, Ибрахимовиќ се врати на терените изминатиот викенд против Лацио после долгата пауза, а во тој натпревар постигна гол.