Веста од пред два дена дека Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти последните три дуели од сезоната дојде во најлош момент за Милан, кога води голема борба за пласман во Лигата на шампионите.

Милан минатиот викенд го прегази Јувентус со 3:0, а во 66-тата минута Швеѓанецот поради повреда го напушти теренот. Се чини дека повредата на коленото е уште потешка отколку што се мислеше првично. Така италијанските медиуми наведуваат дека бил на преглед кај специјалистот за колено, Волкер Мусал од Питсбург, кој му дал две опции.

Првата е да доаѓа на терапии, а втората да оди на операција. Во случај да се одлули на операција, Ибрахимовиќ би го пропуштил Европското првенство, но веројатно би бил подготвен за почетокот на следната сезона.

Во случај да се одлучи за традиционални терапии нема гаранции дека ќе биде подготвен пред септември. Со оглед на тоа што има 39 години и дека договорот со Милан му истекува следното лето, италијанските медиуми пишуваат дека оваа повреда би можела да му ја заврши кариерата.