Напаѓачот на Рома, Николо Заниоло дефинитивно нема да биде во составот на Италија на престојното Европско фудбалско првенство.

Заиниоло во изјава за „Газета Дело Спорт“ ја потврди најавата која нема да му се допадне на Роберот Манчини.

„Разочаран сум, но мојата цел е да бидам подготвен за Светското првенство следната година. Сакам да бидам најдобро подготвен з Мундијалот.“ – изјави Заниоло.

Таткото на Заиноло објасни дека ова е големо разочарување за талентираниот напаѓач, но тој работи на менталната подготовка и забрзување на кам-бекот на фудбалот.