Откако го загубија воведниот натпревар од ЛА Лејкерс во финалето од НБА лигата, кошаркарите на Мајами добија уште еден сериозен удар.

Горан Драгиќ се повреди по 15 минути на паркетот и можно е да има посериозна повреда, поточно да не може да им помогне на неговите соиграчи во битката за шампионскиот прстен.

Засега нема официјална потврда за каква повреда станува збро но се очекува во текот на денот да има повеќе информации.