Голема удар на прволигашките амбиции во Вардар, добиен директно од ривалот за втората позиција охридска Воска Спорт.

Тимот од Охрид победи во дербито покрај езерото со 2:1 и ја зголеми предноста пред Вардар на табелата.

Водство за Воска донесе Изаир Емини уште во третата минута. На 2:0 пред крајот на првиот дел, поточно во 43-тата минута, зголеми Елмир Алији.

Почесниот гол за конечни 1:2 го постигна дефанзивецот на Вардар, Трајче Стојковски во 87-та минута од мечот.

Со оваа победа Воска Спорт се зацементира на втората позиција со 25 бода, додека Вардар останува трет со 20 бода.

ОСТАНАТИ МЕЧЕВИ ОД ВТОРА ЛИГА ЗАПАД:

Силекс- Охрид Лихнидос 3:0

Кадино- Тетекс 0:1

Беса- Гостивар 1:1

Велешта- Кораби 2:2