Португалската полиција изврши претрес во домот на еден од најпознатите светски фудбалски агенти, Жорж Мендеш, кој се сомничи за затајување на данок и перење пари.

Во координирана акција, претреси се направени и во канцелариите на најголемите португалски фудбалски клубови Порто, Бенфика, Спортинг, Брага и други, се со цел да се дојде до документи врзани за трансфери на фудбалери чиј агент е Мендеш.

Претресени се и домовите на многу челници на португалските фудбалски клубови, но и становите на познати фудбалери како Икер Касилјас, Џексон Мартинез и Макси Переира. Сите се осомничени дека преку фиктивни документи ги намалуваа износите што ги добиваа и на државната каса не и доплатија милионски суми.

Полициската акција продолжува.