Во тек е последната недела од предониот рок, Икарди е сеуште играч на Интер, Дибала беше дел од многу шпекулации дека го напушта Јувентус, дали последната недела ќе донесе разрешница, прашува „GazzettadelloSport“.

Според „GazzettadelloSport“ Интер и Јувентус отвориле преговори за размена на играчи , Мауро Икарди да оди во Торино, Паоло Дибала во Милано.

Главни во име на Јувентус и Интер во преговорите се Фабио Маратичи и Бепе Марота, добри пријатели, но сега на спротивни страни, ги поврзува една работа, размена на Икарди и Дибала.

Сеуште нема детали за размената но се чини дека се на добар пат конечно да ја завршат сагата на Мауро Икарди, според весникот од Италија контакт на двете страни се очекува деновиве, преодниот рок завршува на 2 септември.