Клубовите од Премиер лигата решија да го продолжат летниот преоден рок.

Досега тој завршуваше со денот на почетокот на новата сезона, 8 август, но, според Sky Sports, отсега крајниот рок на летниот преоден рок е поместен на 1 септември, до 17 часот по локално време.

Овој нов рок се поклопува со датите на затворањето на летниот преоден рок во другите топ европски првенства, каде завршува на 31 август – 1 септември.

Новата сезона во Премиер лигата и оваа година ќе почне на 8 август.