Покрај воведувањето на ВАР технологијата, ќе има уште една голема промена во Премиер лигата за наредната натпреварувачка сезона.

Имено, при ист број на бодови, подобро пласиран тим ќе биде оној кој ќе биде подобар во меѓусебниот дуел, а не гол – разлика како што беше до сега.

По 131 година ова правилo е променето. Од следната сезона во најгледаната фудбалска лига Премиер лигата при ист број на бодови ќе одлучува меѓусебниот дуел помеѓу двата тима.

Во случај меѓусебниот дуел да е изедначен, нама да важи правилото гол на гости, туку ќе биде одиграна мајсторка на неутрален терен.

Правилото ќе важи само за оние тимови кои се борат за шампионската титула, како и за тимовите кои бркаат место за излез на европска сцена и оние за опстанок.

Тимови кои се подеднакво рангирани во средината на табелата ќе бидат одлучени по старото правило, односно гол – разликата.