71 годишната Мигелина Елои Асис дос Сантос, мајката на фудбалскиот магионичар Роналдињо, почина поради компликации предизвикани од ковид 19 вирусот, јавуваат медиумите во Бразил.

Мајката на славниот фудбалер беше хоспитализирана уште во декември минатата година во Порто Алегре.

„Драги пријатели, мојата мајка е заразена со ковид 19 и ние се бориме таа наскоро да се опорави. Таа е на интензивна нега и ја прима целата потребна терапија. Од напред ви се заблагодарувам за молитвите, позитивната енергија и наклонетоста. Напред мамо“- порача уште во декември Роналдињо.

За жал неговата мајка не издржа.