Како што дознава српски Курир, Александар Коларов станува нов фудбалер на Црвена Звезда. Можеби звучи неверојатно, но клубот и Коларов успеале да постигнат договор за соработка после повеќедневни преговори.

Иако пред две недели Коларов кажа дека не се гледа себеси на терените во Сурдулица или Инџија, тренерот на Црвена Звезда Дејан Станковиќ и претседателот Звездан Тезиќ успеале да го убедат да го промени мислењето.

Договорот ќе биде потпишан на една плус една година, со плата од околу 600.000 евра по сезона, плус премии и бонуси, дознава Курир.

Верона се обидела да го расипе договорот на Црвена Звезда и Коларов, но пресудило долгогодишното познанство и пријателство на бекот со Дејан Станковиќ.