Илкај Гундоган оваа сезона игра во животна форма, за Манчестер Сити во 40 натпревари постигна 16 голови и е еден од клучните играчи на Пеп Гвардиола.

Германецот со турски корени во колумна за „The Players Tribune“ пишуваше за проблемите со кои се сретнал во кариерата.

„Себе се сметам за Турчин, но некои Турци прашуваат дали сум Турчин. Тоа е многу лошо чувство. Јас сум дел од двете земји, но понекогаш ми се чини дека сум заглавен меѓу нив. Велат дека не сум потполно Германец, па потоа дека не сум потполно Турчин. Што сум тогаш јас?“

Кога пристигнал во Борусија Дортмунд, многумина го гледале со потценување.

„Кога пристигнав во Дортмунд, ми се чинеше дека сум подготвен на се. Погрешив. Никогаш нема да заборавам што се случи тогаш. Барав стан во градот и слушнал некои луѓе (позади грб) како зборуваат за мене. Го видовте ли ова презиме? Гундоган? Тој е Турчин. Може ли да си го дозволи овој стан?“

Но, кога им кажал дека е фудбалер се се променило.

„Тогаш ми кажаа: „Ох, господине, ве молиме влезете. На располагање сме ви.“ А и тие беа мигранти. Тоа беше баш тажно. Жалосно е што од тие работи не можете да се ослободите. Несигурноста останува во вас, чувствувате дека луѓето ве гледаат од висина, иако тоа можеби не го прават.“