Великанот од Гелзенкирхен со брзина на светлината тоне кон дното. Во обидот за спас од испаѓање во втората лига, доаѓа и уште еден нов тренер сезонава. Станува збор за 42 годишниот Грк Димитрос Грамозис, кој порано беше на клупата на Дармштат, а на клушата на Шалке го наследува Кристијан Грос.

Гркот е петти тренер сезонава во Шалке, откако пред Грос во својата мисија не беа успешни ниту Давид Вагнер, Хуб Стевенс и Мануел Баум.

Грамозис го чека тешка задача, речиси невозможна, да го спаси клубот од испаѓање. Моментално некогаш силниот Шалке се наоѓа на последната позиција со само девет бода, дури девет помалку од зоната која носи спас.

Договорот со него е потпишан до крајот на сезоната.