УЕФА го потврди новото натпреварување „Конференциска лига“ која ќе донесе големи промени во второто по ранг натпреварување, Европа лигата.

Уште оваа и следната сезона Европа лигата на УЕФА ќе брои по 48 клубови во натпреварувањето, од 2021 година ќе се намали на 32 со што Македонија ќе го загуби правото за учество во ова натпреварување.

Македонија е на 39 место  од 55 земји на листата на УЕФА на клупски план, само оние кои се до 15 место на табелата ќе имаат право на настап во Европа лигата, ова значи дека Македонија ќе го загуби правото на учество.

Во Конференциската лига ќе се играат три квалификациски кола, тоа значу дека освојувачот на Купот на Македонија, вториот и третиот на табелата ќе играат во третото по ранг натпреварување на УЕФА  од сезоната 2021/22.

Единствена шанса за пласман во групната фаза за македонски тим во Европа лигата ќе ја има само доколку шампионот стигне до третата рунда на плеј-офот во Лигата на шампионите и потоа испадне.

Критериумите за квалификациите во Лигата на шампионите не се менуваат и првакот на Македонија ќе стартува од второто коло.