Хрватскиот клуб Осијек години наназад води политика со тоа што доведува странци за тренери, а последен во низата кој што се споменува да ги преземе е Кристијан Панучи.

По ангажманот на Словенецот Симон Рожман во Ријека во хрватските медиуми излезе информација дека Осијек преговара со Италјанецот Кристијан Панучи, кој своевремено ги носеше дресовите на гиганти како Милан, Реал, Монако и Рома.

Панучи во моментот е без ангажман, а последно беше селектор на селекцијата на Албанија со која не направи позначаен резултат.